Фановите на Барса не го сакаат Гризман

372

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, верува дека навивачите на каталонците се против трансферот на француската ѕвезда на Атлетико Мадрид – Антоан Гризман.

Како што е познато, вчера „јорганџиите“ официјално објавија дека се разделуваат со фудбалерот, додека шпанските шампиони се главните фаворити за потписот на играчот.

– Мислам дека повеќето навивачи на Барселона се противат на трансферот на Гризман, вклучително и поради неговата висока вредност, а има и други добри играчи кои можат да играат на исто ниво. Сепак, ако трансферот се случи, тогаш сите навивачи ќе го поддржат на ист начин како и со сите други играчи кои пристигнуваат во Барселона – рече Лапорта.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...