Партијата на Али Ахмети најави дека ќе поднесе иницијатива во Собранието за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност, како што се судии и обвинители, за контрола во врска со користење наркотици, но и учество во криминал и корупција.
– Оваа иницијатива ја почнуваме од нашите редови во ДУИ и сакаме да го прошириме тој проект на ветинг на сите институции вклучителни и судството, обвинителството, партиите, сите кои вршат јавна функција да подлежат на ветинг. Тој процес ќе го примениме во ДУИ, за членство во партијата, но би сакале да го прошириме во сите сфери на јавното дејствување. Очекуваме и поддршка од граѓанскиот сектор и медиумите. Секој кој врши јавна функцикја треба да подлежи на овој тест и ние очекуваме поддршка од сите кои се искрени – рече Артан Груби, пратеник на ДУИ.