Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска симболично остави метла пред Собранието за да го потсети пратеникот Павле Богоевски да си поднесе оставка, бидејќи признал дека извршил кривично дело.
Дафина Стојановска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ оставајќи ја метлата порача Богоевски прв да биде сметен. Од пратеничката група најавија дека ќе покренат иницијатива да му се одземе мандатот на пратеникот Богоевски. Од партијата велат дека снимката на која се слуша гласот на Богоевски била доставена од анонимен свиркач.
Вчера беше објавена снимка на која се слуша гласот на Богоевски, по што тој на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин, туку масло од канабис на болен роднина. Богоевски сам се пријави во полициската станица оти нарачувал масло од канабис, а поднел пријава и против непознат сторител за нелегално снимање и емитување на снимката.
Фото: ТВ 21