И Србија ќе го слави Денот на словенската писменост

388

Српската Влада на денешната седница го усвои Предлог законот за дополнување на Законот за државни и други празници во Република Србија, со кој се предлага 24 мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј.

Со овој празник ќе се одбележува Денот на словенската писменост и култура, кој го втемелија словенските просветители Кирил и Методиј, основачите на словенската книжевност и креаторите на првото словенско писмо – глаголицата, соопшти прес-службата на српската Влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...