Ја најдоа мајката, не го сака бебето, но има 3 месеци да се пишмани

1770
Бесплатна фото

Пронајдена е мајката на бебето кое завчера, штотуку родено, било оставено на тротоар во Топанско Поле, но кое имаше среќа случаен минувач да го забележи и да повика полиција и итна медицинска помош. Машкото бебе било префрлено на Клиниката за детски болести, каде му е пружена медицинска нега и е во добра здравствена состојба.

– Стручен тим на Центарот стапи во контакт со мајката, која е малолетна и која изјави дека не е во можност да се грижи за своето бебе, но согласно Законот, таа има три месеци рок да ја преиспита оваа одлука. Кога од Клиниката за детски болести ќе кажат дека бебето е во добра состојба, Центарот за социјални работи ќе го преземе и  во наредните три месеци ќе го смести во згрижувачко семејство. Потоа, ако мајката не се премисли, бебето ќе биде запишано во Регистер на можни посвоеници – изјави  Наташа Станојевиќ, директорка на скопскиот Центар за социјални работи.

Мајката на новороденчето била пронајдена од полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...