Судењето за „Талир“ одложено за 28 мај

100
Судијата Осман Шабани, по барање на адвокатот на обвинетите Дончо Наков, го одложи денешнoто рочиште за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Судењето ќе проdолжи на 28 мај.
Според Наков, барањето за одлагање на судењето е поради членот 22 од законот за СЈО кој во моментов се наоѓа пред пратениците во Собранието за негово автентично толкување.
Обвинетиот пратеник Илија Димовски појасни дека процедурата во Собранието е дека  Парламентот не носи одлука дали прифаќа или не иницијатива за автентично толкување, туку треба да достави барање за мислење до Влада, а по негово добивање се разгледува на Комисија и се утврдува предлог кој се доставува до претседателот на Собранието кој пак свикува пленарна седница на која се носи автентично толкување.
Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.
На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.
Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...