Премиерот Зоран Заев вчера присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на принцот Едвард.
На вечерата премиерот Заев и принцот Едвард, како што информира владината прес сужба, имале куси разговори со гостите, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат со деца и младинци, претставници на помладата генерација претприемачи од бизнис заедницата, претставници на организации со програми за човекови права, како и со претставници на граѓанските организации.
Во своето обраќање, принцот Едвард, се заблагодарил за топлиот прием во земјата при неговата повторна посета.
На вечерата Заев и принцот Едвард изразија согласност дека партнерството меѓу дете држави ќе продолжи и во иднина, во областите за кои двете земји имаат заеднички интереси.