Спиро Ристовски бара да му се укине притворот

783

Поранешниот министер Спиро Ристовски бара да му се укине притворот и да се брани од слобода или притворот наместо во шутка да му се замени со куќен притвор. Ристовски е еден од осомничените за организацијата на упадот во Собранието на 27. април.

– Немам намера да бегам ја сум семеен човек со деца што учат овде. Немам резервна варијанта. Моето целосно функционирање е поврзано со Макеоднија. А во однос на тоа дека би влијаел на сведоци известен сум дека истрагата е завршена. Ниту сум помислил да влијаам на некого затоа што сум уверен дека ќе ја докажам мојата невиност – изјави Ристовски за телевизијата Телма.

Одлуката на Апелација по барањето на Ристовски ќе се знае деновиве.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...