На 123 години почина најстариот човек на светот

Доживеа промени на епохи и генерации, исчува осум деца, 35 внуци и повеќе од 20 правнуци. Тој секогаш беше љубезен човек кој го сакаше животот, во што се уверив повеќепати кога се сретнувавме”, напиша Јунус-бек Јевруков(55), претседател на Република Ингушетија, во рамките на Руската Федерација.

600

Апаз Илиев, кој тврдеше дека е најстариот човек во светот, почина на возраст од 123 години. Тајната на долгиот живот на Апаз е млекото и изворска вода, а јадел исклучиво зеленчук од неговата градина. Тој спиел најмалку 11 часа на ден, избегнувал да гледа телевизија и не пушел.

– Доживеа промени на епохи и генерации, исчува осум деца, 35 внуци и повеќе од 20 правнуци. Тој секогаш беше љубезен човек кој го сакаше животот, во што се уверив повеќепати кога се сретнувавме, напиша Јунус-бек Јевруков(55), претседател на Република Ингушетија, во рамките на Руската Федерација.

Апаз работел од својата седма година и започнал како овчар. Во Руската граѓанска војна (1917-1922) се борел за Црвената армија, а кога започнала Втората светска војна мислел дека е премногу стар за да се бори како 45-годишник.

Пред крајот на војната Сталин со други ингуши и чеченци го протерал во Казахстан, каде што живеел многу сиромашно.Тој исто така бил возач на трактори, па така ја запознал неговата сопруга, која исто така возела трактори, а која почина во 2014 година.

Тајната на неговиот долг живот е избегнување телевизија. Тој не пиел и не пушел, ниту, пак, одел на лекар, освен кога на возраст од 121 година имал операција. Јадел свеж зеленчук од неговата градина. Пиел само млеко и изворска вода и спиел најмалку 11 часа на ден.

Тој, наводно, ги имал сите негови природни заби. Доколку неговите документи биле сочувани, тој би го надминал Јаронецот Џиромон Кимура, кој почина на 116 години и 54 дена.

Но, вака овој случај нема да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...