Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретнал со Дерик Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ) и го информирал за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон евро-атланската агенда на Република Македонија како долгорочен стратешки интерес на нашата земја, и ја истакнал улогата на САД како стратешки партнер во тие процеси. Мицкоски изразил загриженост поради застојот на тој план која пред се е поради неспособноста и некапацитетноста на владата да испорача реални резултати, соопшти партијата.
– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврнал и на некапацитетноста на власта да се справи со корупцијата и да ги спроведе потребните реформи. Тој исто така посочи дека власта нема демократски капацитет и ги злоупотребува државните институции за свои лични интереси, се поприсутни освен корупцијата се и непотизмот, матните тендери и други незаконски активности, стои во соопштението.