Актерот Драган Спасов – Дац преку својот Фејсбук профил побара оставка од пратеникот Павле Богоевски по неговото признание дека набавувал масло од канабис, што беше објавено на најновата бомба на „Илија Громовник“.
– Очекувам оставка од Павле Богоевски и прес конференција на Миле Бошњаковски!
Како што е ред, нели – напиша Дац.
Снимката се појави вчера на руската мрежа „Вконтакте“. Профилот „Илија Громовник“ кој ја објави снимката на социјалните мрежи тврдеше дека Богоевски е снимен како нарачува кокаин.
Богоевски потврди дека тоа е неговиот глас, но вели дека не нарачувал кокаин туку масло од канабис.