МОН ќе дава стипендии на талентирани студенти за светските музички школи

376

Министерството за образование и наука информира дека на следната седница на Владата ќе предложи да се направи измена и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, со што ќе се даде основ Министерството да објави конкурс за доделување на стипендии за студии на врвни светски високо образовни установи од областа на уметноста, вклучувајќи  ја и областа на музиката.

– Со тоа, ќе им се овозможи и на талентираните државјани на Република Северна Македонија кои аплицираат и се примени на врвни музички школи во светот, да студираат непречено со поддршка од Министерството за образование и наука – соопшти МОН.

На конкурсот кој ќе биде објавен по усвојување на измената и дополнувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, можност за аплицирање за стипендија ќе има и студентот од нашата земја кој е примен на „The Juilliard School“ во Њу Јорк, САД, а кој е дел од низа написи во медиумите во минатите неколку денови.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...