Судски полицаец најверојатно си играл со пиштолот и случајно убил 52-годишник во Босна и Херцеговина.
Наводно, станува збор за млад полицаец кој неодамна почнал да работи во Судската полиција.
– Тој седеше во портирница со останатите колеги и најверојатно играјќи си со пиштолот го погодил несреќникот, кој доаѓал во судот бидејќи имал судење – рекол очевидец.
По ранувањето човекот добил сериозна повреда и починал. Судскиот полицаец бил уапсен.
Убиениот зад себе оставил три деца.