Бебето најдено на тротоар е добро, а веќе примило и вакцина против тетанус

Мајката не се јавила, а уште вчера кога го донесоа ние ги информиравме социјалните служби за напуштеното новороденче. Веднаш по приемот го згриживме, го затопливме, а дадена му е и вакцина против тетанус бидејќи не се знае со што била пресечена папочната  врпца - изјави д-р Катерина Ставриќ, в.д. директорката на Клиниката за детски болести во Скопје. 

293
Напуштеното бебе, кое вчера било најдено на тротоар во скопската населба Топанско Поле, е во добра здравствена состојба, а веќе примило и вакцина против тетанус.
– Бебето е машко и е во стабилна состојба, а е со тежина од 2,4 килограми. Мајката не се јавила, а уште вчера кога го донесоа ние ги информиравме социјалните служби за напуштеното новороденче. Веднаш по приемот го згриживме, го затопливме, а дадена му е и вакцина против тетанус, бидејќи не се знае со што била пресечена папочната  врпца – изјави д-р Катерина Ставриќ, в.д. директорката на Клиниката за детски болести во Скопје.
Бебето со возило на Итна помош вчера веднаш било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Како што синоќа објавивме, новороденчето било голо и оставено на тротоарот покрај тревник.
Во непосредна близина на улицата, била фрлена и папочната врвца која по  породувањето ја пресекла мајката.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...