Ретка отровна медуза се појави во Јадранското Море

234

Крај хрватскиот брег на Јадранското Море се појави отровната „компас-медуза“, за којашто експертите предпредуваат дека воопшто не смее да се допира, оти предизвикува тешки повреди.

Компас-медузата (Chrysaora hysoscella) е всушност вид што живее во крајбрежните води на Атлантскиот Океан и Средоземното Море. Има жолто-темносивкасто тело коешто личи на компас и кое може да порасне и до 30 сантиметри во ширина, а краците и до еден метар должина. Краците се вкупно 24 на број.

Се претпоставува дека компас-медузите живеат една година. Се хранат со зоопланктони, а природен непријател им се морските желки и океанската сончева риба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...