Вработени во Град Скопје малеле граѓани дека им плаќаат данок и „заработиле“ 55.000 евра

1079
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Двајца службеници во Град Скопје добија кривични пријави бидејќи се осомничени дека мамеле граѓани за плаќање на данот и со тоа заработиле над 3.400.000 денари (околу 55.000 евра). Нивни жртви биле 19 граѓани.

Едниот од нив, Ј.С. на 25 годишна возраст, е вработен како помлад референт за архивирање на документација во Одделение за присилна наплата, прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и други надоместоци, а другиот С.Е., 37 години, како соработник во истото Одделение за стручни работи.

– Имено во текот на 2018 и 2019 година, Ј.С. се нудел на граѓаните да им изврши услуга за плаќање на износот на данокот во нивно име, доведувајќи ги во заблуда дека им прави само услуга за да не чекаат на шалтерите во банките каде се врши уплатата. Износот на данокот му го давале во готово, а тој наместо да го уплати целосниот износ, вршел уплата на минимален износ, а останатиот дел од примените парични средства ги присвојувал, односно ги делел со второпријавениот Е.С. – наведуваат од МВР.

Тие ги измамиле и своите колеги. Вториот имал овластување да пристапува во компјутерскиот систем на Град Скопје, каде што се евидентираат уплатите на граѓаните по основ на данок, па неовластено и во договор со Ј.С., вршел преправка на износот на уплатениот данок и врз основа на така преправените податоци во компјутерскиот систем ги доведувал во заблуда другите службеници.

– По заверката на договорите од нивна страна второпријавениот повторно неовластено пристапувал во компјутерскиот систем и ја враќал претходната состојба на даночниот долг – велат од МВР.

Двајцата добија кривична за злоупотреба на службената положба и овластувања, а повозрасниот и за компјутерска измама и компјутерски фалсификат. Од страна на судија од претходна постапка на двајцата пријавени им е изречена мерка – претпазливост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...