Коста Митровски по 16 години работа во УНИБанка се повлекува од позицијата главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на банката.
Според она што Банката го објави на Македонска берза, Митровски нема да ги извршува функциите од 13 мај.
Неговите обврски ќе ги распределат останатите тројца членови на УО и извршни директори на Банката Делчо Крстев, Владислав Хаџидинев и Милка Тодорова.
УНИБанка има активи од над 330 милиони евра и добивка од 4,35 милиони евра за 2018 година.