Денеска 28.годишниот Васил Јанкула, момчето со церебрална парализа од Ресен за кое јавноста слушна поради неговите многубројни подвизи – учествата на маратони и спортски настани низ државата со својот трицикл го вози шестиот ден од својот личен маратон – обиколката на Македонија за само 7 дена. Неодамна учествуваше на Скопскиот маратон кадешто со својот трицикл извози 42 километри, а пред 6 дена од својот роден Ресен тргна на пат околу Македонија.
„Денеска тргнуваме од Маврово за Дебар, а утре од Дебар заОхрид“, вели Васил кој храбро ги извози предвидените километри и покрај временските услови.
Остатокот од текстот и видеото од маратонската тура на Васил побарајте ги на порталот „Мајка и дете“.