Хуманите граѓани собраа шест тони храна

80

Десетте градови низ државата што се вклучија во акцијата „Нахрани 10.000“ ја надминаа планираната храна која што сакаа да ја соберат, обезбедувајќи шест тони храна наменета за социјално загрозени категории лица и семејства.

Илјадниците граѓани и десеттината компании кои се вклучија во акцијата донираа ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Како што велат од акцијата, при собирањето на храната помогнале над 200 волонтери од дваесеттина организации, кои изминатиот период ја пакувале храната во пакети и започнале да ја делат храната на социјално загрозените граѓани од нивните општини.

– Акцијата покажа дека хуманоста е силна страна на нашите сограѓани, па затоа се надеваме дека ќе се зголеми нивниот интерес со посебен фокус на компаниите – велат од акцијата „Нахрани 10.000“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...