Загина едно лице, повредени се 11 при пукање во мексикански бар

63

Едно лице загина, а најмалку 11 се повредени, откако вооружени мажи отворија оган во бар во мексиканскиот туристички град Плаја дел Кармен во државата Куинтана Ру.

Според соопштението, две лица минувајќи покрај барот почнале да пукаат со пиштол во присутните. Нападот се случил во текот на ноќта кога имало многу луѓе во барот.

Полицијата и воените сили веднаш пристигнале на местото на настанот. На повредените им била укажана итна медицинска помош.

Последен таков напад во туристичкиот град се случи на почетокот на јануари оваа година, кога непознати лица влегоа во бар и ги застрелаа посетителите. Тогаш беа убиени седум лица. Во февруари пет лица загинаа во одморалиштето Канкун.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...