Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го посети Белград идната година, по изборите во САД, за да го понуди своето решение за косовската криза, пренесува „Еспресо“.
Ова го тврди Православ Давиниќ, поранешен министер за одбрана и одличен познавач на американската надворешна политика. Според него, Трамп сака да го реши прашањето за Косово и да им „удри шамар“ на Клинтонови, кои ги обвинува дека направиле хаос на Балканот. Затоа, истакнува Давиниќ, Трамп во 2020 година сигурно ќе ја посети Србија.
Според Давиниќ, Трамп има позитивно мислење за српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Сепак решение за Косово најверојатно нема да има до вториот мандат на Трамп, за што има големи шанси. Ако повторно победи, сигурен сум дека ќе дојде одма во Србија – додал тој.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS