Го убил соседот поради ролетна, хорор во Србија

733

Четириесет и едногодишен маж од Параќин бил уапсен поради сомнение дека го убил својот 62-годишен сосед ноќта помеѓу неделата и понеделникот.

Тој наводно го избодел со нож, по што несреќникот им подлегнал на повредите.

Според „Курир.рс“, злосторството се случило во влез од зграда, каде убиецот ја избодел жртвата во градите и стомакот, а потоа се вратил во својот стан, каде бил и уапсен.

Се претпоставува дека мотивот за убиството е расправија и нетрпеливост.

– Не знам на кој му сметаше чија ролетна, но слушнав дека поради неа се расправаа два часа. Во еден момент, соседот слушнал како Добрица му вика на несреќниот Божидар: „Чекај, сега ќе ти вратам!“. Веројатно после ова се вратил со ножот и го избодел во градите. Негова роднина вели дека еден од убодите бил директно во срцето – раскажала сосетка.

Според нејзините зборови, Добрица заедно со својата сопруга и детето живееле таму десет години. Целиот крај имал некој проблем со нив.

– Беше прашање на време кога ќе направи некое зло. Знаеше детето со нож да го брка по улица. Еден сосед го удри со секира по главата, му беше судено за тоа. Од друга страна, сите внимаваа со него бидејќи е крадец. Полицијата го апсеше, но повторно се враќаше на слобода. Се зборува дека не е во затвор бидејќи има дијагноза на психијатрија. Дали е навистина луд или само се прави, не знам, но знам дека сите се оддалечувавме од него. Еднаш отидов кај него на врата, а неговата сопруга ми рече: „Не му се приближувајте, ве молам, има тежок карактер, не знам што може да направи“ – додала таа.

Трагови од крв уште имало пред влезот на зградата.

– Велат дека по нападот Божидар многу крварел. Еден од соседите повикал Брза помош, но тој изгубил многу крв и починал во болница – кажала сосетката.

Што навистина се случило, ќе покаже истрагата.

– Греота е што човекот ни крив ни должен настрада. За Добрица треба доживотен затвор. Не му е местото меѓу нормалниот свет – рекол станар од зградата во која се случила трагедијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...