Стево Пендаровски повеќе не е национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО, соопшти Владата.
На денешната седница Владата утврди дека на Пендаровски му престанува функцијата поради изборот за претседател на Република Северна Македонија. Согласно член 83 од Уставот должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.
На седницата е усвоена информацијата дека до целосно полноправно членство на нашата земја во НАТО, обврските на Националниот координатор за подготовките на Република Северна Македонија за членство во НАТО ги презема Дане Талески, советник за надворешна политика на Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев.