Ѓорчев и Мицевски во Берлин на Интерпарламентарна иницијатива за соработка со Западен Балкан

130

Пратеникот Влатко Ѓорчев и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се дел од втората Интерпарламентарна иницијатива за соработка со Западен Балкан (IPCI WB), која се одржува од вчера во Берлин.

Конференцијата се одржува со цел да се дискутира, да се анализираат и да се дадат препораки за унапредување на улогата на парламентите во процесот на интеграција во ЕУ и Берлинскиот процес, како и за регионална соработка.

Учествуваат повеќе од 20 претставници од Западен Балкан и од Австрија, а повеќе од 10 членови на парламентарната група на ЦДУ од германскиот парламент се приклучија на дискусиите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...