Спомен плочата поставена кај Карпалак во чест на десетмината загинати во 2001 повторно е цел на вандали кои ја отстраниле.
Таа беше поставена во 2004 година и ова не е првпат да е уништена.
Кај Карпалак се случи најбројниот масакр врз војници во воениот конфликт во 2001-та. На 8 август тогаш, околу 9.30 часот, беа убиени 10 резервисти, а тројца ранети додека конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово.