Харадинај ги покани Заев и Рама на пуштањето на автопатот Приштина – Скопје

358

Косовскиот министер за инфраструктура Паљ Лекај на денешната владина седница информира за привршувањето на работите на автопатот „Арбен Џафери“, што го поврзува косовскиот главен град со границата со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лекај потврди дека свеченоста за пуштањето во употреба на последната делница од косовскиот дел од автопатот Приштина – Скопје ќе се одржи на 29 мај.

Премиерот Рамуш Харадинај по седницата изјави дека за настанот се информирани надлежните институции во Северна Македонија и Албанија, а премиерите на двете земји, Зоран Заев и Еди Рама, се добредојдени доколку сакаат да присуствуваат на церемонијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...