Над 300 австриски возачи секој ден со казна од 50 евра поради мобилен

Во Виена за тој прекршок биле казнети 24.732 возача, во Долна Австрија 24.504, во Штаерска 18.874, во Горна Австрија 13.377.

79

Телефонирање за време на возење без соодветна опрема и натаму е еден од најказнуваните сообраќајни прекршоци во Австрија.

Полицијата секој ден казнува повеќе од 300 возачи, кои користат мобилен телефон за време на возењето, а казните за тој прекршок се зголемени за 1,5 отсто во споредба со лани.

Минатата година вкупно 115.470 возачи биле казнети поради користење на мобилен за време на возење.

Во Виена за тој прекршок биле казнети 24.732 возачи, во Долна Австрија 24.504, во Штаерска 18.874, во Горна Австрија 13.377.

Поради континуираниот пораст на казни за телефонирање за време на возење, Здружението на учесници во сообраќајот побара прекршокот да не се казнува само парично, туку и со казнени поени.

Оние кои разговараат по телефон без опрема за време на возењето во Австрија треба да платат 50 евра, а во многу земји казните се три или четири пати поголеми – во Италија казната е 165 евра, во Шпанија и Данска 200 евра, а во Холандија 240 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...