Фанови на американската пејачка и актерка Лија Мари Џонсон се загрижени за неа по нејзините видеа на Инстаграм.
Тие се прашуваат дали Џонсон е добро и веќе на Јутјуб се појавија неколку видеа со загрижени лица за однесувањето на 22-годишничката.
Џонсон стана позната со нејзината песна „DNA“ која има над 17 милиони прегледи на Јутјуб. Песната наводно е напишана по нејзиниот татко алкохоличар. Во неа младата пејачка пее „мразев да те гледам како чудовиште, па затоа бегав и се криев, не можев да прашам зошто ме остави“, па продолжува со „не, нема да бидам како тебе, се борам со вистината … не, не можеш да се бориш со ДНК“.
– Песната ја напишав во еден многу тежок период за мене. Не мислев дека можам да напишам таква песна. Но, многу ми помогна. Ми беше еден вид на терапија – изјавила Џонсон во интервју за „Хаф пост“.
ФОТО: Јутјуб / Принтскрин