Сопствениците на јога студио во Њупорт Бич во Калифорнија, ја обвиниле поранешната ѕвезда на НБА, Денис Родман, дека е вмешан во две наводни кражби во кои е украдена роба вредна неколку илјади долари, известува „Лос Анџелес тајмс“.
Али и Аријана Шах, сопственици на студиото, изјавиле дека целиот инцидент го гледале на снимките од сигурносните камери.
Али за весникот изјавил дека гледал како човекот што се идентификувал како Родман и уште тројца влегле во студиото, а потоа им го одвлекле вниманието на вработените како би го украле кристалот аметист што бил на продажба по цена од 2.500 долари. Една од вработените изјавила дека крадците ѝ рекле дека кристалот му припаѓа на еден од нив, ѝ дале лажни информации, а потоа Родман ја замолил да ѝ го покаже студиото.
Вработената изјавила дека и рекле дека кристалот му припаѓа на еден од нив.
– Ми дадоа лажни информации – изјавила таа.
„Родман ме замоли да му го покажам студиото“, додала девојката.
Во меѓувреме, друг човек се обидел да го помрдне аметистот. Тешкиот камен му испаднал на подот, се скршил и оставил светликав траг од прашина и стакло со што била причинета штета од 5.000 долари.
Откако го видел инцидентот, Шах повикал полиција, која пристигнала 10 минути подоцна, но четворката исчезнала.
Поранешниот кошаркар е познат по своето контроверзно минато за време на својата активна кариера, но и по пензионирањето.
FOTO: Printskrin/deadspin.com