Даниеле де Роси по 18 години ќе го напушти италијанскиот клуб Рома, во кој ја помина целата своја фудбалска кариера.
Веста е потврдена и на официјалната страница на Рома, каде се вели дека договорот на Де Роси со „волчицата“ истекува на крајот на оваа сезона, и дека истиот нема да биде продолжен.
Триесет и пет годишниот фудбалер е „дете“ на Рома, кој во „Олимпико“ дебитирал уште како тинејџер и од тогаш целата својата кариера ја поминал кај „волчицата“, иако во текот на неговата кариера имал многу понуди од големите европски клубови.
Во 18-те сезони поминати во Рома, Де Роси одигра 615 натпревари, постигна 63 голови и 54 асистенции. Има освоено два купа на Италија и еден трофеј во италијанскиот Супер куп.
ФОТО: EPA / SIMONE ARVEDA