Граѓаните и фирмите ѝ должат на државата вкупно 8.700.077.184 денари (1.414.635 евра), покажува последната Листа на должници објавена од Управата за јавни приходи (УЈП).
Листата се однесува на долгови доспеани до 31.01.2019 и неплатени до 30.04.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжителни социјално осигурување, акцизи и царини.
Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 8.569.230.137 денари, додека долгот за царински давачки е 130.847.047 денари.
На Листата се 1.934 правни субјекти или 75 повеќе од претходниот месец и 2.409 физички лица, што е за 183 повеќе од претходната листа.
Физичките лица и самостојни вршители на дејност што се наоѓаат во оваа листа имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица тој надминува 300.000 денари.
И на оваа листа се најдоа веќе познатите фирми кои со години не ги подмируваат своите обврски кон државата, фирми во стечај, како и јавните претпријатија кои исто така не успеваат да ги подмират своите обврски. На листата се фудбалски клубови, но и познати личности.