Де Геа ќе потпише нов договор пред Светското првенство – плата од 350 илјади фунти неделно

Најголема плата има Алексис Санчез со 505 илјади фунти неделно.

205

Шпанскиот голман Давид де Геа наскоро ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, објавија англиските медиуми.

Со парафирањето на новата меѓусебна соработка која се очекува да се официјализира пред почетокот на Мундијалот (14 јуни-15 јули), Де Геа ќе стане вториот најдобро платен играч на тимот со плата од 350 илјади фунти неделно. Најголема плата има Алексис Санчез со 505 илјади фунти неделно.

Сегашниот договор на шпанскиот голман е до следното лето, но од „црвените ѓаволи“ имаат клаузула за неговото продолжување со година. Според актуелниот договор Де Геа има неделна плата од 210 илјади фунти.

ФОТО: EPA, RONALD WITTEK

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...