Метлата го зафати и Ѓорче Петров

795

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје вчера започнаа дводневна акција за генерално чистење на скопската општина Ѓорче Петров. Активностите се одвиваат на потегот од мостот пред Сарај до кружниот тек на улицата Ѓорче Петров, каде што се спроведува рачно и машинско метење, како и рачно миење на улиците. 

Акцијата е организирана за да се подобри нивото на хигиената и чистотата на јавните градски површини во оваа скопска општина. На терен се ангажирани 15 работници на ЈП „Комунална хигиена“, додека од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила – метларки, автоцистерни и ВАП.

По најавата за обилните дождови што се очекува да го зафатат скопскиот регион, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје соопшти дека e подготвено со своите вработени и со сета расположлива механизација да интервенира за расчистување и санирање на евентуалните штети во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на возилата и пешаците.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...