НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс објави дека Френк Фогел и официјално е поставен на функцијата главен тренер. На официјалната веб-страница на клубот се објаснува дека во согласност со тимската политика, условите на договорот не се обелоденети.
Вогел се обврза на тригодишна соработка со „езерџиите“. Тој претходно работеше со Индијана, која двапати ја однесе до полуфиналето во плејофот, како и Орландо со кој постигна 29 и 25 победи во две сезони.
Асистент на Фогел во ЛА Лејкерс ќе му биде Џејсон Кид.