Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска ги посети двете џамии во Нов Зеланд, во кои при нападите во март загинаа 51 верник.
Гутереш помина околу 30 минути во џамијата Ал Нур во Крајстчрч, каде што разговараше со муслиманските лидери и преживеаните.
– Знам дека нема зборови со кои може да се намали болката, но сакав да дојдам овде лично и да пренесам љубов, поддршка и восхит – рече Гутереш.
Генералниот секретар потоа положи венец пред втората џамија, каде, исто така, разговараше со преживеаните.
ФОТО: EPA / HARISH TYAGI