Џими Картер го скрши колкот подготвувајќи се да лови мисирки

152
Поранешниот американски претседател, Џими Картер, (94), го скрши колкот додека се подготвувал да оди во лов на мисирки.

Нему потоа му била извршена операција в болница во американската сојузна држава Џорџија. Докторите соопштија дека зафатот е успешен.

Картер, инаку член на Демократската партија, беше претседател на САД од 1977 до 1981 година, а претходно и гувернер на неговата родна Џорџија, 1971 – 1975 година. Во 2002 година ја доби Нобеловата награда за мир, а во 2015 година му беше дијагностициран меланом, еден вид рак на кожата.

По повод несреќата, се огласи и сегашниот американски претседател Доналд Трамп, кој на Твитер му посака брзо опоравување.

Картер со своите 94 години го држи рекордот во долговечност меѓу претседателите на САД по излегувањето од Белата куќа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...