Околу Бијонсе се крена голема прашина по тврдењето дека нејзината помлада сестра Соланж, всушност ѝ е ќерка, како и тоа дека пејачката нема 37 години, туку седум години повеќе.
Овие шпекулации ги започнал некогашниот соработник на Бијонсе, кој наведува дека музичката дива ја родила Соланж кога била многу млада. Наводно Бијонсе се породила кога била тинејџерка на 12 или 13-годишна возраст, а нејзините родители двете ги одледувале како да се сестри.
– Нејзината братучетка ми рече дека Бијонсе е мајка на Соланж. Тоа ми го рече во доверба кога зборувавме за тинејџерските бремености. Нејзината роднина не е саркастичен тип,така што се сомневам дека би измислила нешто толку скандалозно – изјавил соработникот за британскиот магазин „Дејли мирор“.
Тој, исто така, додал дека Бијонсе не е родена во 1981 година, како што таа сама се претставува.
– Видов фотографија од нејзината возачка дозвола, која беше на компјутерот кај мојот менаџер. Нејзиниот точен датум на раѓање е 4 септември, 1974 година – изјавил изворот.
Во прилог на тоа, весникот изнел и податок дека актерката Габриел Џунион, која има 46 години, во една прилика изјавила дека со Бијонсе се познава уште од детството. Новинарите сугерираат дека соодветно на тоа, Бијонсе е, сепак, родена во 1974 година, односно дека наскоро ќе наполни 45 години.
Бијонсе сè уште не се огласила по овој повод.
Пејачката од бракот со раперот и музичкиот продуцент Џеј Зи, има седумгодишна ќерка Блу Ајв, а пред две години на свет донесе и близнаци, ќерка и син.