Ердоган и Путин разговараа за ситуацијата во Идлиб

74
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му рекол на својот руски колега Владимир Путин дека сириската Влада ја загрозува турско-руската соработка во Идлиб, така што го крши прекинот на огнот, соопштија од кабинетот на Ердоган.

Турскиот претседател му кажал на Путин и дека сириските напади врз цивили, училишта и болници во Идлиб не можат да се толкуваат како борба против тероризмот.

Порастот на насилството во областа Идлиб го загрози руско-турскиот договор, со кој е прекината владината офанзива во септември. Таа област е една од последните големи упоришта на сириските бунтовници.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...