Gulf (Галф) со нови цени на горивата низ државата

1828

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), која не донесе одлука за формирање на највисоките цени на пазарот на горива, поради престанување на важност на досегашната методологија, Gulf (Галф) сака да ги информира своите потрошувачи низ земјата за новоформираните цени.

Користејќи ги глобалните формули за пресметување на цената, вклучувајки ги сите трошоци на компанијата, од утрешниот ден ќе важат следните цени на добропознатите американски горива:

– Премиум G-Force безоловен ќе се продава по цена од 73,50 денари за литар;

– Премиум Xtream дизел ќе се продава по цена од 65,50 денари за литар;

– Еуросупер 95 безоловен ќе се продава по цена од 71,00 денари за литар;

– Еуродизел ќе се продава по цена од 64 денари за литар.

Сакаме да ги известиме своите потрошувачи дека горенаведените цени се важечки за сите Gulf (Галф) бензински станици низ државата, задржувајќи го врвниот американски квалитет на горивата, создаден со традиција подолга од 117 години.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...