Канцелариите на Иванов во Џевахир под лупа на Антикорупциска

721

Антикорупциската комисија ќе проверува дали има непотизам или судир на интереси во одлуката на досегашниот претседател Ѓорге Иванов  да закупи канцеларии во зградите на Џевахир.

Сопственик на становите е фирмата „Турмак“ во сопственост на Есап, Хамит и Јусуф Џефахир, семејството со кое Иванов има кумашински релации.

Закупот за двата стана со површина од 274 метри квадратни кои во петокот СОЗР ги изнајми на барање на Иванов за негов кабинет во зградите на Џевахир е во висина од 1,950 евра месечно, соопшти компанијата попладнево.

Договорот е склучен во времетраење од една година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...