Силјановска: Блер си даде одмор кога му се роди четвртото дете, Заев оти се измори во кампањата

8004

Професорката Гордана Силјановска Давкова го искоментира одморот на премиерот Зоран Заев. Таа во интервју за телевизијата Алфа рече дека Заев како најактивен во претседателската кампања се изморил и самиот си дал одмор.

– Ова не беа парламентарни туку претседателски избори ама премиерот беше најактивен па реши по завршувањето да си даде одмор. Тој сам лично си дава одмор. И претходно си даде одмор. Паметам еден премиер кој си даде одмор кога му се роди четвртото дете. Тони Блер како одговирен родител сами си даде одмор оти  сакаше малку да му се посвети на бебето – рече професорката Гордана Силјановска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...