Реал веќе нема да смета на услугите на Навас

300

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас разбрал од шефовите на кралскиот клуб дека нема иднина за него на „Сантијаго Бернабеу“, тврди „ЕлЧирингито“, а веста беше потврдена и од „Марка“.

Од клубот се изјасниле јасно дека Костариканецот не влегува во плановите за следната сезона.

Самиот Зинедин Зидан го информирал на крајот на минатата недела и голманот на „белите“ останал силно огорчен. Навас се надеваше дека ќе се натпреварува со Тибо Куртоа во новата сезона.

Во актуелната кампања, „Ел Тико“ беше цврста резерва пред пристигнувањето на Зизу.

Се очекува оваа недела да биде последен натпревар на Навас во дресот на Реал.

EPA/RODRIGO JIMENEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...