„Воут Воч“: Значителни разлики помеѓу гласовите на жирито и на публиката на Евровизија

Анализата на разликите во гласањето на експертските панели наспроти она на граѓаните, открива значајна поделба помеѓу изборот на публиката и оној на назначеното жири, што може се заканува со генерирање непотребна фрустрација во време кога про-европските гласови се во битка да ја зголемат излезноста на изборите, констатира „Воут Воч“ во својата анализа.

531
ФОТО: KAN / EUROVISION

Европскиот тинк-тенк специјализиран за изборни анализи во ЕУ, „Воут Воч“, во својот последен извештај ја разгледува паралелата помеѓу гласањата на изборите за Европскиот парламент и на Евровизија и констатира значајни поделби на континентот.

Според анализите на „Воут Воч“, гласовите на жирито и на публиката на Евросонгот значително се разликуваат, а најдрастичен е случајот со Австралија, која од 2015 година учествува на овој европски натпревар. Па така, на последните три изданија на Евровизија, Австралија добила 1.038 поени од жирито, а само 447 од публиката.

На самиот европски континент, Шведска, Малта и Холандија имаат тенденција да добиваат повеќе поени од жирито, отколку од гласачите. Додека пак песните од источноевропските земји редовно добиваат повеќе гласови од публиката, отколку од жирито, забележува тинк-тенкот.

Поточно, Полска е прва на листата на „најсакани песни од публиката“, но и најчесто игнорирани од експертскиот панел. Додека пак петте големи земји, кои се квалификуваат автоматски за финалето, имаат повеќе поени од жирито, отколку од публиката.

– Анализата на разликите во гласањето на експертските панели наспроти она на граѓаните, открива значајна поделба помеѓу изборот на публиката и оној на назначеното жири, што може се заканува со генерирање непотребна фрустрација во време кога про-европските гласови се во битка да ја зголемат излезноста на изборите – констатира „Воут Воч“ во својата анализа.

Со исклучок на Италија, мапата на разликите во гласањето на Евровизија речиси без исклучок ги исцртува границите на Железната завеса, исто како и мапата на излезноста на избори, која е секогаш пониска во Источна Европа отколку во Западна.

„Воут Воч“ предупредува дека Евровизија треба да внимава да не испрати погрешен сигнал посебно во пресрет на клучните избори за Европскиот парламент.

– Оваа година динамиката на Евровизија има посебно значење, бидејќи е поврзана со ЕУ изборите. Додека Евровизија се очекува да придонесе кон изборната кампања со создавањето на европско чувство, контроверзиите околу експертските панели би можеле да го испратат погрешниот сигнал до гласачите пред изборите – анализира тинк тенкот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...