Силниот ветер и високите бранови го блокираa поморскиот сообраќај во Албанија

391

Невремето проследено со силен ветер обилни и интензивни врнежи од дожд предизвикаа проблеми во поголем дел од земјата, посебно во крајбрежниот дел.

Поради силниот ветер и високите бранови одложено е испловувањето на траектите, но и сите пловни објекти, за кои е издадена наредба да се закотват во пристаништата, се до нова наредба од страна на капетаниите.

Невремето посебни проблеми создава и на патните правци низ земјата на кои има одрони, а од откорнати дрвја има и прекин во сообраќајот.

На влезот во Трипорт кај Валона големо дрво паднало врз возило во движење, но за среќа причинета е само материјална штета на истото. Сообраќајот кон овој приморски град бил во прекин повеќе од половина час, додека полицијата и противпожарна екипа го отстраниле паднатото дрво.

Невремето предзвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, а предизвика  и штети на овошните садници.

Според проценките на надлежните, обилните дождови и топењето на снегот во планините видно ќе ги зголеми нивоата на реките и вештачките акумулации, посебно на каскадата на реката Дрим, во северниот дел на земјата, поради што е можно да дојде до излевање на реките од коритата и прелевање на шахтите.

Жителите од северниот дел на Албанија стравуваат од поплави, кои се редовна појава во овој период, речиси секоја година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...