Бошњаковски ќе прелета кај Пендаровски

1196

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски најверојатно ќе биде првиот човек во новиот кабинет на претседателот Стево Пендаровски.

На прашање на Плусинфо да ги коментира шпекулациите за шефовско место во кабинетот на Пендаровски, Бошњаковски вели дека засега нема официјална информација што може да ја сподели со јавноста.

Неофицијално, се дознава дека дел од тимот на претседателот можно е да бидат и  Тоше Зафиров како и Александар Спасов, луѓето кои беа со Пендаровски и за време на претседателската кампања.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...