Повратот на ДДВ за граѓаните навреме ќе почне да се реализира, најави денеска министерот за финасии Драган Тевдовски.
– Министерството за финансии и Управата за јавни приходи го подготвуваат системот за поврат на ДДВ за граѓаните и овој проект навреме ќе стартува- рече Тевдовски.
Тевдовски не сакаше да каже дали се подготвува ребаланс на буџетот со оглед дека капиталните инвестиции потфрлија во првите три месеци.
– Секојдневно се анализираат податоците. Приходната страна на буџетот е добра. Оној момент кога ќе оцениме дека има потреба за ребаланс на буџетот, тоа и ќе го соопштиме – рече тевдовски.
Тој соопшти дека секојдневно комуницираат со премиерот во одно и на ова прашање.
– Заедно ќе донесеме одлука дали ќе има ребаланс на буџетот – рече тој.
За слабите бројки во однос на капиталните инвестиции рече дека од лани инвестициите што ги реализира Јавното претпријатие за државни патишта не влегуваат во вкупните капитални инвестиции и затоа брјките се поинакви.
– Ова јавно претпријатие за 300 пати ја зголеми реализацијата на инвестициите.Но имаме и подобрување на капиталните инвестиции. Имаме и добри резултати во извозот, а е подоброено и кредитирањето на корпоративниот сектор што ќе влијае на натамошно подобрување и забрзување на растот – рече Тевдовски.