Прашањето за името една од темите на денешната седница на грчката Влада

133

 Преговорите за името и последната средба во Виена, грчко-турските односи, како и економијата, се очекува да бидат темите на денешната владина седница со која ќе претседава грчкиот премиер Алекис Ципрас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, состанокот е закажан за 11 часот по локално време, а во кусото соопштение од премиерскиот кабинет, не се споменати темите кои што ќе се најдат на масата пред министрите од СИРИЗА и Независни Грци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...