Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас е убеден дека не победи на трката за Гоемата награда на Шпанија поради проблеми со болидот.
Ботас заврши втор, зад клупскиот колега Луис Хамилтон.
– Искрено, на „Каталуња“ не беше мојот најдобар ден. Трката ја изгубив уште на почетокот, но не можам да се обвинувам себеси. Спојката работеше чудно, се појавија и вибрации што никогаш порано не ги имав сретнато. Затоа почнав толку бавно. Бодовите што ги освоив може да ми значат многу на крајот на сезоната. Сепак, сакам да дознам што се случи на почетокот – изјави Ботас.
По пет трки тој е на второто место во Генералниот поредок со 105 бода, седум помалку од лидерот Хамилтон.
ФОТО: EPA / SRDJAN SUKI