Почина затвореник во Идризово, осуден за убиство

262
20051230 Friday 0048 Klinicki centar Majka Tereza Vlez

Затвореник од КПУ „Идризово“, осуден за убиство на 13 години казна затвор, вчера починал на скопските клиники од инфаркт.

Како што изјави за МИА директорот на затворот Боби Мојсоски, на затвореникот му се слошило додека бил во затворот. Затворениците пробале да му помогнат, по што веднаш бил однесен во болница, но таму констатирале смрт.

– Затвореникот не се жалел на болка и според здравствениот картон, од септември минатата година не побарал никаква интервенција – рече Мојсоски.

Починатиот затвореник во петокот бил примен во КПУ „Идризово“, од затворот Скопје каде бил во притвор. Затвореникот бил осуден на 20 години за убиство на езерото Треска, а на повтореното судење казната му била намалена на 13 години затвор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...