Спасовски: Ако има „метла“, мојата судбина не е поважна од таа на сите други

Во врска со најавите од Заев за владина реконструкција, министерот рече дека го поддржува премиерот во целата постапка, затоа што смета дека треба да има и реконструкција, но треба да има и смена на одредени кадри, врз основа на критериуми кои ќе бидат утврдени.

850

Во МВР има кадровски промени од првиот момент и ќе има и понатаму на кадри кои не дале резултати во однос на своето работење и кои не ги исполниле очекувањата во однос на остварување на одредени принципи за кои се залагаме. Тоа е процес што ќе трае постојано, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали „метлата“ што ја најави премиерот Зоран Заев ќе го зафати неговото министерство.

– Секогаш ќе имаме ситуација во која ќе се оценува работата на кој било внатре во Министерството, без разлика дали се наоѓа на раководна позиција или е полициски службеник – рече Спасовски.

Нагласи дека тоа ќе биде одвоен процес од најавуваниот ветинг. Процесот за ветинг е посебен процес, тој мора да бие спроведен, рече Спасовски и додаде дека се подготвуваат правните рамки на овој процес и добро е тој да биде спроведен заради градење на еден праведен систем во државата.

Во врска со најавите од Заев за владина реконструкција, Спасовски рече дека го поддржува премиерот во целата постапка, затоа што смета дека треба да има и реконструкција, но треба да има и смена на одредени кадри, врз основа на критериуми кои ќе бидат утврдени.

– Јас воопшто со тоа не сум засегнат, ниту сега, како и првиот ден. Доколку има таква одлука да знаете дека мојата судбина не може да биде поважна од судбината на сите луѓе во државата. И така треба да се однесува секој од функционерите – рече Спасовски во врска со евентуалната можност и тој да биде зафатен од најавената реконструкција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...